• сабота, 27 јули 2024

МВР:Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци, приведени две лица

МВР:Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци, приведени две лица

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) – Две лица од Кавадарци се лишени од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога. Кај нив биле пронајдени кафеава прашкаста материја, екстази, бела грутчеста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода Г.Ц.(36) и М.М.(35), двајцата од Кавадарци. 

-При преглед кај Г.Ц., при излез од домот на М.М., била пронајдена кафеава прашкаста материја, а при претрес во домот на М.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени кафеава прашкаста материја, екстази, бела грутчеста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека во координација со јавен обвинител, предметите биле одземени, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. ар/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан