• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Вчера во 22.00 часот на регионалниот пат  Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од с.Голема Речица, тетовско. При преглед кај лицата и во возилото „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки,  кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9мм без документи и една дробилка. Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Вчера околу 15:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.А.(34) од Република Србија. Таа се сомничи дека во текот на денот извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.  Вчера во 13:00 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Б. од ова село. Тој се сомнничи дека на 3-ти овој месец од спортска обложувалница во селото противправно одзел парични средства. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против Ј.Б. ќе следува соодветен поднесок.Вчера во 23:30 часот во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп - Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода И.М.(30) од с.Црнилиште. Тој бил затекнат како врши бесправен транспорт на 4 кубни метри огревно дрво. Товарното возило „ивеко“ без регистарски ознаки и дрвата му биле одземени, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера во 20.45 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Е.Т.(23) од Република Албанија затоа што на пасошка контрола приложил албанска патна исправа на име од неговиот брат. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон шест санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...Вчера на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 33 прекршоци, од кои 18 надвор од населено место и 15 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 2 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на поранешен полигон на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(47) од с.Арачиново, скопско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(47) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.Вчера во 21:15 часот во Полициската станица Центар, Р.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Партение Зографски“ бил каснат од куче скитник.  Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б.(41) од Скопје пријавила дека во Ново Лисиче била касната од куче скитник. дма/

Остани поврзан