• петок, 08 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Денеска (08.11.2022) во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп го лишиле од слобода Е.М.(28) од Прилеп. Тој бил  баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна.  На 07.11.2022 во 17.10 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(30) од с.Трубарево. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело  по член  383 од Кривичниот законик.  Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.На 07.11.2022 во 11.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.У.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 07.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(35), Д.З.(44) и Ф.А.(47), сите од Куманово. При претрес во домот на  М.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати Д.З. и Ф.А., кај Ф.А. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.На 07.11.2022 во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Т.(23) и Д.Р.(20), двајцата од Велес. При претрес во домот на Н.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, бил затекнат Д.Р. и кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Денеска (08.11.2022) во 02.25 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 08.11.2022 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.К.(29) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.На 07.11.2022 околу 23.30 часот на улица „Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот А.А. од тетовско Јеловјане затоа што кај него била пронајдена и одземена  бела прашкаста материја. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.На 07.11.2022 околу 23.15 часот во гостиварската населба Циглана, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Х.Ѓ.(18) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.На 07.11.2022 околу 16.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот А.Р. од тетовско Желино затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.На 07.11.2022 во 21.45 часот во гостиварска Лешница, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот С.У. од гостиварско Здуње затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот на С.У. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.На 07.11.2022 во 16.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.11.2022 во 18.50 часот на Граничниот премин Блаце од слобода бил лишен Т.Ф.(38) од Косово затоа што по извршени проверки било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол-Албанија. Тој бил задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.На 07.11.2022 во 21.37 часот на Граничниот премин Блаце од слобода бил лишен Д.Ј.(51) од Република Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол-Грција. Тој бил задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување. Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за возач почетник, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас...Во текот на вчерашниот ден (07.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 117 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 28 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.Во текот на вчерашниот ден (07.11.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 126 возачи. Од нив, 32 на територијата на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Тетово...На 07.11.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Центар, Д.П.(46) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник.На 07.11.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ј.(59) од Скопје пријавила дека во близина на Железничката станица во Скопје била касната од куче скитник.На 07.11.2022 во 15.50 часот во Полициската станица Карпош, Д.К.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник. дма/

Остани поврзан