• вторник, 30 април 2024

МВР-Билтен

МВР-Билтен

Скопје, 13 април 2024 (МИА) - Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со  прашкаста материја. Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени  дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Двете лица се приведени и против нив ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 15:45 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22:30 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.(30) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Драчево во Скопје, вчера во 13:30 часот  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.04.2024 во СВР Битола Г.Ш. од Демир Хисар пријавил дека покрај локалниот пат Демир Хисар - село Вардино, на место викано Липинци, атар на Демир Хисар, забележал неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.

На 12.04.2024  вo 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ“ со улица „Киро Крстевски“ и со улица „Боте Боцевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 12.04.2024 во 16:30 часот  во Полициска станица Шуто Оризари, Б.А.(31) од Скопје пријавила дека на улица „Брсјачка буна“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 12.04.2024 во 07:40 часот било пријавено дека во Кочани на улица „Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки, по што Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Г., констатирани во Клиничката болница Штип, а Д.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани. 

На 12.04.2024 во 13 часот во Полициска станица Аеродром, К.П.(29) од Скопје пријавил дека на булевар „Tрета македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 12.04.2024 во 16:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство - Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“, управувано од К.Л.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 12.04.2024 во 11 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(69) од Скопје пријавила дека на  улица „Периша Савелиќ“ во Скопје била касната од куче скитник. свс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан