• петок, 05 декември 2025
МВР Билтен
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - На подрачјето на општина Центар синоќа во 22:20 часот е лишен од слобода Д.К.(22) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 19:20 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода албанскиот државјанин Д.Ц.(33) затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во Градскиот парк вчера во 15:40 часот  од слобода е лишена А.С.(30) од Скопје, бидејќи кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 18:50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и  соодветни поднесоци. Полициските службеници од СВР Битола извршиле акциска контрола за откривање прекршоци за непрописно престигнување, при што кај 22 возачи е констатирано непрописно престигнување. Откриени се и 23 други прекршоци. Вчера во 09:20 часот на крстосницата од ул.„Наум Наумовски Борче“ и ул.„Аминта Трети“ во Скопје, патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Џ.(30) од Гостивар, удрило во пешак Т.Х.(88) од Скопје. По незгодата Т.Х., бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје. Во периодот од 10 до 16 часот вчера на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на  прекршоци за непрописно престигнување и обиколување. Во акцијата се констатирани 26 прекршоци кои се соодветно санкционирани. Синоќа во 19 часот  на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.К.(28) од Скопје, велосипедист А.Ѓ.(48) од Скопје и пешак С.Ј.(21) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот А.Ѓ., а со телесни повреди пешакот С.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје. На граничниот премин „Деве Баир“ вчера во 11.40 часот приведен е К.Х.(43) од Р.Турција, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка. Вчера во СВР Скопје, Б.С.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар, била касната од куче скитник, а во 19:30 часот и М.Д.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Темко Попов“ била касната од куче скитник. бак/

Остани поврзан