• сабота, 27 јули 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.С.(38) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање  во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во неговиот автомобил „бмв“, извршен на улицата „Мирко Милески“ во Кичево, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.

Во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за управување под дејство на алкохол.

Четириесет и двегодишниот Б.Д. од тетовско Ново Село вчера (20 февруари) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контролни активности за поголем сообраќаен ред и безбедност на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера (20 февруари) од 8 до 12 часот спроведена е акциска контрола, во рамките на која вкупно биле откриени и санкционирани 14 технички неисправни возила (ТЕ-11 и ГВ-3). Најголемиот број од нив (ТЕ-9 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 2 возила (ТЕ-1 и ГВ-1) неисправни други системи и 1 (ТЕ) неисправни пневматици. Технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност. Покрај ова, санкциониран бил 1 возач (ТЕ) со истечена сообраќајна дозвола и 1 (ТЕ) кој управувал возило со констатиран претовар, со напомена дека глобата за претовар, зависно од големината, се движи од 45 до 250 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, откриени се и 3 возачи (ТЕ-2 и ГВ-1) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, како и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-3).

На 21.02 2024 во 04.51 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп, настанал пожар во гаража сопственост на М.И.(59) од Прилеп, при што е опожарено патничко моторно возило „опел инсигнија” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И.. Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на Полициската станица  Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.02.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Ј.К.(33) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, Г.О.(48) од Скопје пријавил дека на 17.02.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 07.46 часот во СВР Скопје, Н.С. (49) од с.Волково, Скопско пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.А.(38) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 20.02.2024 во  08.50 часот во СВР Скопје, Т.Г.(51) од Скопје пријавила дека на 19.02.2024 околу 21.40 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, Т.С.(48) пријавил дека во населбата Илинден-Скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.П.(27), двајцата од населба Илинден, Скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.02.2024 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред седиште на политичка партија на подрачјето на Центар била одземена бронзена биста на народниот херој Васил Главинов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 57-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во домот на подрачјето на Шуто Оризари физички била нападната од својот сопруг И.Д.(63) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 20.02.2024 во 07.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Саво Тасевски“ со ул.„195" во населбата Дреноец во Тетово,  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, управувано од В.С.(50) од с.Долно Седларце-Тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.С.(33) од Тетово. Во незгодата со телесни повреди се здобила З.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 20.02.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, при излегување од неговото возило оштетил друго возило кое го управувало женско лице. Откако се договориле дека ќе ја подмири штетата, по кратко време на телефон добил закана од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                     

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 17- годишник од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 22.01.2024 пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари.

СВР Велес поднесе кривична пријава против  Б.С. (28) од Кавадарци и Н.Д. (20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а второпријавениот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.08.2023 на наплатната станица Сопот, полициски службеници при извршен преглед, кај Б.С. пронашле кокаин, марихуана, два ножа и спреј солзавец, додека кај Н.Д. бил пронајден пиштол и рамка со еден куршум за истиот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(38) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.12.2022 полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот пронашле кокаин, марихуана и марихуана помешана со тутун. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

 
 

Остани поврзан