МВР-билтен (ДПЛ)
- На 28.10.2024 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - На 28.10.2024 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
На 28.10.2024 во 19.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, Штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
На 28.10.2024 во 16.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Л.(32) од Тетово, затоа што при претрес, врз основа на судска наредба, извршен околу 16 часот во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. М.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (29.10.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во 11.20 часот од ул.„Бетовенова“ во Скопје го лишија од слобода Д.М. (41) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од седум години и осум месеци за повеќе сторени кривични дела по чл.236 ст.1 (тешка кражба) од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
На 28.10.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, Е.Ш.(61) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 07. до 09.10.2024 додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран, а, според пријавеното, и претходно бил малтретиран од истите соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.10.2024 во 16.50 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ја лишиле од слобода Е.М.(35) од Виница, по претходна пријава дека околу 13.30 часот во дворно место од нејзината семејна куќа, физички нападнала двајца малолетници. За настанот биле известени jавен обвинител и Центарот за социјална работа Виница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.10.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Пробиштип од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.М.(58) од село Туралево, Кратовско, со кои се здобил додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од Полициската станица Пробиштип.
Денеска (29.10.2024) во 09.30 часот во СВР Скопје, К.Н.(37) од Скопје пријавила дека на 28.10.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.10.2024 во 12.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(23) и Д.М.(57), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.10.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, С.К.(79) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.10.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(18) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар, четири лица му се приближиле, а едно од нив со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, Р.А.(48) од Скопје пријавил дека неговата ќерка Н.А.(14) од Скопје, која на 23.10.2024 беше пријавена дека се оддалечила од својот дом, се вратила дома.
На 28.10.2024 во 10.00 часот од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар бил пронајден С.С.(27) од Скопје, кој на 27.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од домот.
На 28.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечиле штитениците Р.Џ.М.(17) и Б.Ј.(17) (женско лице) кои и претходно се оддалечувале и биле враќани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 28.10.2024 во СВР Скопје 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 26.10.2024 околу 20.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ч.(49). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.10.2024 во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје додека вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје, тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар, по што скокнал во реката, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на настанот.
На 28.10.2024 во 22.50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.Ш.(20) и Ф.Ф.(30), двајцата од Радовиш. На 28.10.2024 околу 21.30 часот на место викано „Еренџе“ на планина Плачковица од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш на патничко возило “форд“ со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „опел“ без регистарски ознаки им бил даден знак да застанат, но лицата кои ги управувале не почитувајќи ја наредбата на полициските службеници со возилата се дале во бегство. По преземени службени дејствија возилата биле пронајдени, при што било утврдено дека истите биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а едно од возилата кое е сопственост на И.Ш. го управувал Ф.Ф. од Радовиш. Возилата и дрвата биле одземени и пренесени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
На 29.10.2024 во 02.30 часот во СВР Куманово од вработена во Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив дошле пет лица мигранти (две од Ирак и три од Авганистан) со повреди. Според пријавеното, тие со повредите се здобиле бидејќи биле физички нападнати. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Х.(28) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Тој, на 29.09.2024 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и Џ.Б.(54) од Кичево, за „несовесно работење во службата“. А.А. во својство на в.д. директор на Управа за водење на културно наследство – Скопје, со пропуштање на должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дали избраната агенција за обезбедување имоти и лица со седиште во Кичево, се придржува на потпишаниот договор и дали врши физичко и техничко обезбедување на локалитетот како што било предвидено, свесно и овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4 926 250 денари. Второпријавениот, вработен како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број на вработени лица. Исто така, не се придржувал на законот за приватно обезбедување, каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација.
На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава. мд/
Фото: МИА архива