• недела, 23 јуни 2024

Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз

Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз

Париз, 22 мај 2024 (МИА) - Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“.

Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Олимписките игри 2024 година во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан