Мбапе до дефанзивците на ПСЖ по третиот гол на Лил: Играте четири против еден
- Ѕвездата на ПСЖ Килијан Мбапе беше незадоволен од играта на дефанзивците на денешниот натпревар со Лил (4:3).

Париз, 19 февруари 2023 (МИА) – Ѕвездата на ПСЖ Килијан Мбапе беше незадоволен од играта на дефанзивците на денешниот натпревар со Лил (4:3).
Во 69. минута Џонатан Бамба ги доведе гостите во водство зголемувајќи го резултатот на 3:2. Бамба го надигра дефанзивецот на ПСЖ, Хуан Бернат по додавањето на Андре Гомеш.
- Играте четири против еден - им рече Мбапе на соиграчите.
Парижаните до победата дојдоа во последните минути благодарение на голот од слободен удар на Лионел Меси. зс/