• вторник, 14 мај 2024

Мбапе го надмина Зидан по број на голови во плејофот во Лигата на шампионите

Мбапе го надмина Зидан по број на голови во плејофот во Лигата на шампионите
Париз, 17 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, го престигна поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Јувентус, Зинедин Зидан, по бројот на постигнати голови во плејофот во Лигата на шампионите, објави прес-службата на УЕФА. Благодарение на хет-трикот синоќа на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона (4:1), 22-годишниот Мбапе заврши на третото место меѓу француските фудбалери по број на голови во нокаут фазата. Досега Мбапе има 12 погодоци, а пред него се Карим Бензема со 18 и Тиери Анри со 12 голови. Зинедин Зидан во текот на својата играчка кариера постигна осум гола. зс/

Остани поврзан