• петок, 05 декември 2025

Мафини од тиквички и пармезан со фил од моцарела и шунка

Мафини од тиквички и пармезан со фил од моцарела и шунка

Мафини  совршено меки, миризливи и полни со вкус.

 

 

          Состојки:

  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1 чаша универзално брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  •  мелен бибер по вкус
  • 1 чаша пармезан
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 2  јајца
  • 1 чаша рендани тиквички
  • 1/4 чаша сецкан магдонос (или лажица сецкана свежа мајчина душица, рузмарин.. )
  • 100 грама моцарела
  • 100 грама сецкана шунка


.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Намастете ги калапите со масло и наросете ги со пченкарно брашно. Измешајте пченкарно брашно, обично брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, црн бибер. Во мал сад измешајте јогурт, маслиново масло и јајца. Измешајте ги сувите и влажните состојки и додадете ги тиквичките и пармезанот. Ставете по 1 полна лажица од смесата во секој калап. Потоа ставете коцки моцарела во средината и шунка. Покријте со една лажица од смесата.Посипете малку со пченкарно брашно (полента) . Печете ги мафините околу 30 минути додека не добијат златно-кафеава боја.

Оставете да се изладат 5 минути, извадете ги од калапот и послужете ги топли.

 

Фото: Фрипик

 

 

Остани поврзан