• вторник, 26 ноември 2024

Мастеркард ќе ја купи технолошката компанија Финисити за 825 милиони долари

Мастеркард ќе ја купи технолошката компанија Финисити за 825 милиони долари
Лондон, 23 јуни 2020 (МИА) - Компанијата „Мастеркард“ денеска соопшти дека се договорила да ја купи финансиско-технолошката компанија „Финисити“ за 825 милиони долари, која обезбедува поддршка на банките во размена на податоци за клиентите со други финансиски компании. „Мастеркард“ исто така соопшти дека постојните акционери на „Финисити“ можат да остварат дополнителна заработка до 160 милиони американски долари, доколку се исполнат целните деловни резултати. „Финансити“ ќе му помогнат на „Мастеркард“ да ги зајакне своите отворени банкарски услуги, кои им овозможуваат на клиентите да утврдат како и каде некоја трета страна, како финтек фирма или банка, може да има пристап до налог за плаќање во нивно име или да им обезбеди услуга за управување со пари. Договорот за преземање се очекува да биде склучен до крајот на годинава. паг/

Остани поврзан