• четврток, 26 март 2026

Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“

Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“

Вашингтон, 31 март 2025 (МИА) - Американскиот мултимилијардер Илон Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен, опишувајќи ја пресудата против неа како „злоупотреба на судскиот систем“.

Маск предупреди дека ќе има „соодветна реакција“, како по „судските напади“ против американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кога радикалната левица не може да победи преку демократско гласање, таа го злоупотребуваат судскиот систем за да стави во затвор своите противници. Ова е нивниот modus operandi (метод на криминално дејствие) ширум светот“, напиша Илон Маск на својата социјална мрежа „Икс“.

„Ќе има реакција, како и со правните напади против претседателот Трамп“, додаде милијардерот. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан