• недела, 12 мај 2024

Мартучиело нов тренер на Лацио

Мартучиело нов тренер на Лацио

Рим, 13 март 2024 (МИА) - Италијанскиот стратег Џовани Мартучиело е нов тренер на Лацио, кој доаѓа на местото на Маурицио Сари.

Иако во италијанските медиуми се шпекулираше со уште многу познати имиња, Лацио реши да ја даде својата доверба во Мартучиело, кој му беше помошник на Маурицио Сари. Неговиот договор е до крајот на сезоната.

И покрај тоа што има 52 години, Мартучиело е главен тренер само една сезона. Тој беше во Емполи во сезоната 2016-17. Освен во Лацио, тој беше помошник тренер во Емполи, Интер и Јувентус. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан