Марсијал ќе го пропушти финалето на ФА Купот против Манчестер сити
- Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал нема да игра против Манчестер сити во финалето на ФА Купот.

Манчестер, 31 мај 2023 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал нема да игра против Манчестер сити во финалето на ФА Купот.
Дваесет и седумгодишниот Французин се здоби со повреда на тетивата на неделниот натпревар со Фулам на „Олд Трафорд“.
Финалето на ФА Купот ќе се одржи во сабота на 3 јуни. Средбата започнува во 16 часот. зс/
Фото: ЕПА