• недела, 22 декември 2024

Марсеј понуди девет милиони евра за Милик, Наполи бара повеќе

Марсеј понуди девет милиони евра за Милик, Наполи бара повеќе
Марсеј, 15 јануари 2021 (МИА) – Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј сепак има намера да го купи напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик. Французите понудија осум милиони евра за 26-годишниот напаѓач, плус еден милион бонуси во случај на пласман во Лигата на шампионите, објави „Скај спортс Италија“. За неаполскиот клуб оваа сума е недоволна и тие бараат 15 милиони и 25% од износот на можната препродажба на Милик. Во тековната сезона Милик нема клупски натпревари, играчот настапи само за полската репрезентација. зс/

Остани поврзан