Марселино за елиминацијата на Марсеј од ЛШ: Судбината не сакаше да одиме понатаму
- Тренерот на Марсеј, Марселино проговори за елиминацијата на клубот од квалификациите за Лигата на шампионите. Францускиот клуб синоќа загуби од Панатинаикос на пенали со 5:3, откако по двата натпревара вкупниот резултат беше 2:2.
Марсеј, 16 август 2023 (МИА) - Тренерот на Марсеј, Марселино проговори за елиминацијата на клубот од квалификациите за Лигата на шампионите. Францускиот клуб синоќа загуби од Панатинаикос на пенали со 5:3, откако по двата натпревара вкупниот резултат беше 2:2.
Марселино го замени голманот пред пенал-рулетот. Рубен Бланко, кој влезе на местото на Пау Лопез, не успеа да одбрани ниту еден од петте удари на грчкиот тим.
- Не жалам за одлуката да го сменам голманот пред серијата. Разговаравме за ова со целиот персонал. Немавме среќа со пеналите. Рубен одби еден удар, но топката сепак влезе во голот. Судбината не сакаше да одиме понатаму. Создадовме многу шанси, го надигравме противникот во текот на целиот натпревар, дури и во продолженијата. Генерално, заслуживме пласман во следната фаза. Се надевам дека и во следните натпревари ќе продолжиме да играме како што игравме денес. Тоа ќе значи дека сме на добар пат, изјави Марселино.
Во плејофот Панатинаикос ќе се сретне со Брага од Португалија. зс/
Фото: Фејсбук