• петок, 22 ноември 2024

Марота: Ниту еден италијански клуб не може да си го дозволи Меси

Марота: Ниту еден италијански клуб не може да си го дозволи Меси
Милано, 29 јули 2020 (МИА) - Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота смета дека ниту еден италијански клуб не може да го донесе во своите редови напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Претходно италијанските медиуми објавија дека договорот на Аргентинецот со Каталонците ќе истече летото 2021 година, а клубот од Милано очекува да го добие бесплатно. - Ниту еден италијански клуб не може да организира ваков трансфер без сопствениците кои би дале голем придонес. Затоа, имајќи ги предвид правилата на финансискиот фер-плеј, ние мора да бидеме стабилни. Точно е дека треба да ја направиме Серија А повторно таква лига каде доаѓаат најдобрите. Тоа ќе ја зголеми цената на Серија А при продажбата на првата на телевизиите. При тоа мора да оцениме што продаваме и да сме свесни дека имињата на нашите ѕвезди ја зголемуваат вредноста на брендот, изјави Марота. Претходно, сомневање околу евентуален трансфер на Меси во Интер, искажа и тренерот на „неро-азурите“ Антонио Конте. зс/

Остани поврзан