• петок, 22 ноември 2024

Маркоска: Обидите за манипуалација, поткопување на истрагата и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи

Маркоска: Обидите за манипуалација, поткопување на истрагата и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи

Скопје, 9 декември 2023

Изјавите на Христијан Мицкоски и настапите на неговата ДПМНЕ добиваат опасна димензија.

Нивната изопачена потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања ја покажува нивната нечовечност.

Трет ден нема одговор на прашањето за средбата на Мицкоски со Палески.

Што се разговарало на таа средба? Што се договарало?

Зошто се молчи?  Мицкоски терба да излезе пред граѓаните и да одговори.

Обидите за манипуалација, поткопување на истрагата и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.

Особено што јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ на дестурктивните политики на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Ако на некого досега не му беше јасно ова е пример како би изгледала власт на антиевропската коалиција ДПМНЕ и Левица.

Поттикнување радикализам, поделби, тензии, говор на омраза, блокада на државата, инциденти во собранието, насилни протести. Заеднички именител на сето ова е токму она што го манифестираа ДПМНЕ и Левица.

Затоа, надлежните органи, пред се Обвинителство имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и Христијан Мицкоски.

Прес-конференција на Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ
Центар за комуникации на СДСМ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан