• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ : СДСМ го сврте правецот на државата, од изолација и безнадежност во земја - членка на НАТО и преговори со ЕУ

Маричиќ : СДСМ го сврте правецот на државата, од изолација и безнадежност во земја - членка на НАТО и преговори со ЕУ

Скопје, 11 јануари 2023

Европската иднина е клучна за граѓаните, а СДСМ продолжува во остварување на процесот на евроинтеграциите. Во изминатите седум години го свртевме правецот од изолација и безнадежност во членка на НАТО и преговори за членство во ЕУ.

2022 година беше пресвртна точка, да го постигнеме оној компромисен француски или европски предлог којшто ни овозможи да ги почнеме преговорите за првпат по седумнаесет години.

-Како еден од условите за продолжување на преговорите по фазата на скринингот беа и уставните измени. Ние можеме да бидеме сосема задоволни и без задршка да си честитаме за она што го постигнавме во последните две години. Го започнавме и завршивме процесот на скрининг, од 15 месеци, којшто воопшто не е ниту едноставен ниту лесен процес. Тоа е една обемна операција која ни донесе јасна слика до каде сме и што треба да направиме, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ во утринското гостување во емисија на „Слободен печат“.

Тој потенцираше дека поставивме обврска до 2030 година да ги завршиме сите задачи од скрининг извештајот, а целта ни е дотогаш да станеме членка на ЕУ. Сега влегуваме во еден друг процес, којшто зависи повеќе од нас, а помалку од другите.

-Ние скапо ги плативме заблудите на ВМРО-ДПМНЕ во минатото меѓу 2008 и 2017 година. Мислам дека не треба повторно да влегуваме во заблуди, затоа што на крајот цехот го плаќаат граѓаните. Недостатокот на развој низ годините, а земјите членки на ЕУ го имаат тој развој, доведуваат до тоа нашите граѓани да сакаат да живеат во други држави а не да останат тука, заклучи Маричиќ.
Недостатокот на напредок од 2008 до 2017 година ја доведе до прашање демократијата, што ескалираше со инцидент на 27 април.  

Во 2008 година ни се чинеше дека имаме луксуз да чекаме и дека не е многу итно да се реши прашањето со Грција, дека со текот на времето ќе се зајакне нашата позиција, дека ќе добиеме нови сојузници во ЕУ и сето тоа траеше до одредена точка кога тој недостаток на напредок почна да пречи на внатрешните односи, да ја доведува во прашање демократијата, назадување во сите полиња што ескалираше со една сериозна политичка криза во 2015 и 2016 година од којашто тешко излеговме цели три години, додаде тој.

Граѓаните се доволно свесни колку скапо не чинеа тие 10 години.  Идентитетот се докажа дека нема да биде загрозен, а зачленувањето во ЕУ е најдобра точка на заокружување на нашата државност, потенцираше Маричиќ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: СДСМ

Остани поврзан