• среда, 26 март 2025

Маринакис: Под овие околности тешко е во брзо време да се одржи Високиот совет меѓу Грција и Турција

Маринакис: Под овие околности тешко е во брзо време да се одржи Високиот совет меѓу Грција и Турција

Атина, 24 март 2025 (МИА) – Под овие околности тешко е во брзо време да се организира во Анкара Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во Турција, Маринакис рече дека ја следат ситуацијата која е „нестабилна и загрижувачка“, посочувајќи дека „не се прифатливи отстапки во владеењето на правото“.

- Во однос на она што се случува со градоначалникот на Истанбул нашиот став останува доследен и непроменлив дека отстапки во владеењето на правото и политичките слободи не може да се толерираат и секогаш се потребни убедливи објаснувања за секои евентуални отстапки. Под овие околности тешко е во брзо време да се организира во Анкара Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, истакна Маринакис.

Дополнително посочи дека шефовите на грчката и турската дипломатија ќе присуствуваат на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел на 3 и 4 април. ср/ссм/

Остани поврзан