• недела, 22 декември 2024

Манчини: Загрижен сум за Балотели, време е тој да се разбуди

Манчини: Загрижен сум за Балотели, време е тој да се разбуди
Бреша, 21 јуни 2020 (МИА) - Селекторот на Италија, Роберто Манчини изрази загриженост за иднината на напаѓачот Марио Балотели. Двајцата работеа заедно во Интер и Манчестер Сити, а на почетокот на сезоната 55-годишниот Манчини се надеваше дека со својата игра во Бреша, Балотели ќе му даде причина да го повика назад во националниот тим. Сепак, ништо такво не се случи. Супер Марио беше отпуштен откако одби да се раздели со меѓусебна согласност. Клубот јасно покажа дека тие се сериозно разочарани од него. Манчини е исто така близу до таква состојба. - Јас се грижам за него без оглед што прави. Тој сè уште беше дете кога станав негов тренер. Тој секогаш бил различен. Се надевам дека ќе направи нешто и ќе се промени. Тој веќе има 30 години и е во најдобра фудбалска возраст. Се надевам дека еден ден ќе се разбуди и ќе престане да го троши својот талент. Марио е извонреден, тој е љубезен и добар, има голем потенцијал, но тој троши, рече Манчини.

Остани поврзан