• среда, 02 октомври 2024

Манчестер jунајтед заинтересиран за Икарди

Манчестер jунајтед заинтересиран за Икарди
Париз, 15 август 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди може да ја продолжи кариерата во Англија. Според „Get French Football News“, за 29-годишниот Аргентинец е заинтересиран Манчестер јунајтед. Претставниците на „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со застапниците на фудбалерот. Икарди претходно ја одби понудата од Монца. Тој минатата сезона имаше 30 настапи во сите натпреварувања и постигна пет гола. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан