• четврток, 07 ноември 2024

Манчестер јунајтед испушти победа над Саутемптон во 96. минута и не влезе во зоната на ЛШ

Манчестер јунајтед испушти победа над Саутемптон во 96. минута и не влезе во зоната на ЛШ
Манчестер, 14 јули 2020 (МИА) - Манчестер јунајтед ја испушти победата над Саутемптон синоќа во натпреварот од 35. коло од шампионатот на Англија. Средбата заврши 2:2, а гостите се спасија од пораз со голот на Мајкл Обафеми во шестата минута од судиското надополнување. Првиот погодок за Саутемптон го постигна Стјуарт Армстронг во 12. минута. Стрелци за Манчестер беа Маркус Рашфорд постигна во 20. и Ентони Марсијал во 23. минута. Голманот Давид де Хеа го одигра 400. натпревар за Манчестер јунајтед. Домаќините пропуштија шанса да се искачат на третото место кое носи учество во Лигата на шампионите. Сега Јунајтед се петти во Премиер лигата со 59 бода, колку што има и четвртопласираниот Лестер. На првите три места се Ливерпул со 93, Манчестер сити со 72 и Челзи со 60 бода. зс/

Остани поврзан