• сабота, 20 април 2024

Манчестер јунајтед е во резултатска криза

Манчестер јунајтед е во резултатска криза

Њукасл, 2 април 2023 (МИА) – Англискиот фудбалски великан Манчестер јунајтед веќе три натпревари е без победа во Премиер лигата за прв пат сезонава. Избраниците на тренерот Ерик тен Хаг имаат два пораза и еден нерешен резултат со гол-разлика 0:9.

 

Манчестер јунајтед денес загуби од Њукасл (0:2) во 29. коло. Претходно ремизираше со Саутемптон (0:0), а беше пораз претрпе од Ливерпул (0:7).

 

Серијата од три натпревари без победа во Премиер лигата е прва за „црвените ѓаволи“ од април 2022 година.

 

Во следниот натпревар од Премиер лигата, Манчестер јунајтед на 5 април ќе му гостува на Брентфорд. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан