• понеделник, 20 мај 2024

Манчестер сити ја одби понудата на ПСЖ да ги вклучи Верати или Донарума во договорот на Силва

Манчестер сити ја одби понудата на ПСЖ да ги вклучи Верати или Донарума во договорот на Силва

Манчестер, 13 јуни 2023 (МИА) - Манчестер сити ја одби понудата на Пари Сен Жермен за играчот од средниот ред Бернардо Силва, објави „Footmercato“. 

 

Парижаните биле подготвени во зделката да го вклучат голманот Џанлуиџи Донарума или играчот од средниот ред Марко Верати, но таквите услови не му одговарале на Сити. 

 

Во сезоната 2022/23, Силва одигра 55 натпревари на кои постигна седум голови и осум асистенции.  

 

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 80 милиони евра. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан