• вторник, 01 октомври 2024

Манчестер сити го објави рекордниот трансфер на Гвардиол

Манчестер сити го објави рекордниот трансфер на Гвардиол

Манчестер, 5 август 2023 (МИА) - Манчестер сити го објави трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол. Договорот со 21-годишниот Хрват е на пет години. Играчот ќе игра со број 24.

 

Трансферот ќе ги чини „граѓаните“ 90 милиони евра, со што Гвардиол стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

 

Гвардиол настапува за Лајпциг од 2021 година. Хрватот на 87 натпревари за германскиот клуб има постигнато пет гола и три асистенции. 

 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на дефанзивецот на 75 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан