Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
- Заменик-министерката здравство Маја Манолева денеска изјави дека на средба со директорите на клиниките и договориле за алтернативни решенија за хируршките сали кои изминатите денови не работат поради проблеми со компресорската станица и со инсталацијата за кислород.

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Заменик-министерката здравство Маја Манолева денеска изјави дека на средба со директорите на клиниките и договориле за алтернативни решенија за хируршките сали кои изминатите денови не работат поради проблеми со компресорската станица и со инсталацијата за кислород.
- Се договоривме да отпочнат со работа сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Се договоривме оперативниот план и редоследот на пациентите да се реализира согласно одлуката од страна на стручните колегиуми на секоја од клиниките во рамки на индивидуалните капацитети на секоја клиника, вели Манолева за Сител. ев/