Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?
- Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција? По информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 25 септември 2025
Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција? По информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, што МИА го пренесува интегрално.
Ангажманот на сопругата на Исмаил како таков не е проблематичен, туку е контрадикторен со ставовите на Левица, бидејќи тие се против договорите со Грција и Бугарија, а таа била дел од преговорите во тимот на Заев, односно на СДС и ДУИ, кои ги потпиша овие срамни договори на штета на македонскиот народ.
Оттука се поставува прашањето, дали Левица и Реџеп Исмаил го делат истото мислење? Дали Реџеп Исмаил пред јавноста вели дека е против договорите со Грција и Бугарија, а во позадина ги одобрува овие договори? Дали Реџеп Исмаил е против ЕУ и НАТО или тоа е само маркетиншки трик за во јавноста? И најважно, дали со ова се потврдува коалицијата на СДС, ДУИ и Левица?
Левица и со ова потврдува дека и во раководството изгледа сите не го делат истото мислење. Додека Апасиев се труди од петни жили да каже дека договорите со Бугарија и со Грција се штетни, Исмаил истите ги одобрува и поддржува.
Лицемерието и дволичноста на Левица и на Исмаил повторно се докажува. По ова јасно е дека тие се интересираат само за нивните цели, а не за македонскиот народ.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=Dngn_2wqSYc
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ