Малолетник осомничен за разбојништво во Битола
- На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи, информираат денеска од Републичкото јавно обвинителство.
Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Малолетник е осомничен дека извршил разбојништво врз едно лице во близина на Клиничката болница во Битола. Тој физички го нападнал лицето и му одзел пари, банкарски картчки и лилни документи. На малолетникот му е одредена мерка притвор во трење од 30 дена, соопштија денеска од Републичкото јавно обвинителство.
-Основното јавно обвинителство Битола поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи, информираа од Републичкото јавно обвинителство.
Јавниот обвинител до Судијата за деца доставил предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифатил предлогот и определил притвор во траење од 30 дена. сст/цр
фото МИА архива