Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
- Францускиот претседател Емануел Макрон денеска оцени дека Русија итно треба да престане со одложување на тактиките и да го прифати безусловниот прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп во Украина.

Каиро, 7 април 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска оцени дека Русија итно треба да престане со одложување на тактиките и да го прифати безусловниот прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп во Украина.
„Помина речиси еден месец откако Русија не само што го отфрли, туку го зголеми бомбардирањето на цивили со дополнителни трагични загуби пред неколку дена во Украина“, рече Макрон за време на посетата на Каиро.
Претседателот на Франција рече дека ја поддржува целта за ставање крај на војната, цел кон која се стреми претседателот Трамп и додаде дека е потребен „цврст и траен мир кој ја гарантира безбедноста на Украина и на сите Европејци“.
„Затоа сега е итно Русија да престане да ги одложува тактиките и да го прифати безусловниот прекин на огнот што беше предлог на претседателот Трамп, предлог на кој претседателот Зеленски се согласи во Џеда на 11 март“, додаде Макрон.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изрази жалење поради отсуството на американски „одговор“ на „одбивањето“ на рускиот претседател Владимир Путин да прифати целосен и безусловен прекин на огнот во Украина, по последните смртоносни напади, особено во Киев. паг/