• понеделник, 23 декември 2024

Макрон ја повика ЕУ долгорочно да ја поддржи Украина

Макрон ја повика ЕУ долгорочно да ја поддржи Украина

Стокхолм, 30 јануари 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата денешна посета на Стокхолм ги повика Европејците долгорочно да ја поддржат Украина и да го надополнат секое можно намалување на американската помош за земјата против која Русија ја почна инвазија во февруари 2022 година.

-Мораме да се организираме на таков начин што доколку САД направат суверен избор да ја прекинат помошта или да ја намалат, тоа нема да има влијание на теренот (во Украина), рече Макрон на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Макрон оцени дека е лесно да се „обвини“ Европската унија за сите тешкотии на француските земјоделци, кои осудуваат одредени обврски од Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Францускиот претседател додаде дека се противи на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и земјите од Меркосур од Латинска Америка поради правилата кои не се во согласност со европските и повика на „јасни мерки“ за увоз на пилешко месо и житарки од Украина. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан