• недела, 22 декември 2024

„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови

„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови
Скопје, 7 март 2022 (МИА) – Снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол“ ќе се нормализира во следните денови. Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери, порачуваат од компанијата. - Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта“ во недела не работи. Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици, истакнуваат од „Макпетрол“. Нагласуваат дека денеска, уште во раните утрински часови, го обезбедиле сето расположливо гориво од „Окта“ и додаваат дека во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол“. вј/бак/

Остани поврзан