• недела, 22 декември 2024

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Атина, 26 август 2024 (МИА) – Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Во вториот автомобил заедно со 44-годишната, се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, а сите биле пренесени во болница

Причините за несреќата засега не се познати, а започната е прелиминарна истрага.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа кај Неа Санта во пошироката област на Килкис (Кукуш). ср/са/

Фото: Архива

Остани поврзан