• петок, 22 ноември 2024

Македонските јуниори се пласираа во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија

Македонските јуниори се пласираа во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија

Скопје, 3 август 2024 (МИА) - Македонските кошаркари до 18 години ја совладаa Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.

„Црвено-жолтите“ ќе играа во финалето, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата.

Луканоски имаше „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ даде 17 поени, Марјановиќ 12.

На патот до финалето, покрај Португалија и Бугарија во нокаут-фазата, Македонија славеше и над Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар и Украина во групната фаза.

Финалето се игра утре вечер, а противник на Македонија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Австрија и Полска. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан