• петок, 22 ноември 2024

Македонските фудбалерки до 17 години ќе учествуваат на квалификацискиот турнир во Полска

Македонските фудбалерки до 17 години ќе учествуваат на квалификацискиот турнир во Полска

Скопје, 11 март 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација енска репрезентација на Македонија до 17 години од 13 до 19 март ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за жени, кој ќе се одржи во Полска.

Македонките се наоѓаат во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите. Противници ќе им бидат Полска (домаќин), Данска и Шкотска.

Селекторот на репрезентацијата, Катерина Милеска, за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
голманки: Ведрана Комненова (Скопје), Евгенија Вељановска (Скопје) и Миа Петровска   (Бохум, Германија)
одбрана: Мила Панева (Скопје), Андреа Коловска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Михаела Марковска (Топ Гол), Ангела Димчова (Цевитана), Кристина Крстева   (Скопје) и Васка Василева (Тиверија)
среден ред: Никица Трендова (Скопје), Теона Галабовска (Тиверија) Ева Величковска   (Љуботен), Јована Каралиоска (Цевитана) и Ева Конева (Истатов)
напад: Настасја Накова (Скопје), Розита Пецева (Тиверија), Калина Попески (Црвена ѕвезда), Меланија Грозданова (Скопје) и Емили Митковска (Речица).

Првиот меч од квалификацискиот турнир Македонските фудбалерки ќе го играат на 13 март против домаќинот Полска, со почеток од 14 часот. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан