• среда, 15 мај 2024

Македонските тенисерки изборија ранг погоре во Били Џин Кинг купот

Македонските тенисерки изборија ранг погоре во Били Џин Кинг купот

Скопје, 24 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација со победа од 2-1 попладнево против Ерменија во Скопје го освои првото место во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот и со тоа се избори следната година да игра во Втората Евро-африканска зона.

Триумфот над Ерменија беше обезбеден во натпреварот во двојки во кој Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги победија противничките Ирена Мурадјан и Марина Давтјан со 2-0 во сетови (6-3, 6-2), за еден час и 19 минути игра

Во поединечните мечеви Стоилковска загуби од Мурадјан, додека Ѓорческа ја декласираше Давтјан.

По осум години настапување во Третата зона од Били Џин Кинг купот македонските тенисерки избори втор пат во историјата изборија промоција во ранг повисоко.

Првиот пат тоа го направија 2000 година кога во Португалија ги совладаа сите ривали и се изборија за пласман во Првата Евро-африканска зона. ег/ев/

ФОТО: МТФ

Остани поврзан