• недела, 21 јули 2024

Македонските тенисери изборија опстанок во Третата Европска зона на Дејвис купот

Македонските тенисери изборија опстанок во Третата Европска зона на Дејвис купот

Улцињ, 22 јуни 2024 (МИА) - Македонската Дејвис куп репрезентација попладнево забележа победа против Косово со 2:0 во мечот за опстанок во Третата Европска зона што се игра во Улцињ.

До двата поена Македонија стигна по двете сингл победи.

Во првиот меч Берк Бугариќ го совлада Мал Агуши со 2:0, по сетови 6;2 и 6:1.

Во вториот меч Шендрит Деари го совлада Јасин Јакупи со 2:1, по сетови 6:4, 1:6 и 6:3.

Мечот во двојки нема да се игра. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан