Македонските ракометарки по втор пат загубија од Словенија
- Македонската женска ракометна репрезентација вечерва загуби од Словенија во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.
Битола, 19 октомври 2025 (МИА) - Македонската женска ракометна репрезентација вечерва загуби од Словенија во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.
Натпреварот во Битола заврши со 28:20 за гостинската селекција.
Македонките одигра добро во првото полувреме кое заврши 11:12, но во вториот дел немаа сила за посериозен отпор.
„Црвено-жолтите“ во март следната година квалификациите ќе ги продолжат со двомеч против Белгија. зс/
Фото: ЕПА