• понеделник, 15 јули 2024

Македонските ракометарки поразени од Норвешка

Македонските ракометарки поразени од Норвешка

Миовени, 11 јули 2023 (МИА) - Македонската женска репрезентација попладнево во Миовени загуби од  Норвешка во разигрувањето за пласман од  9. до 16. место на Европското првенство за ракометарки до 19 години. До конечната победа 29:23, Норвежанките дојдоа по подобра игра во второто полувреме, откако првото нашите репрезентативки во првото беа подобри со 11:9.

 

Македонките се на последното (4. место) во Групата 4 без ниту еден освоен бод.

 

Утре противник на „црвено-жолтите“ во разигрувањето за пласман на ЕП во Романија ќе биде репрезентацијата на Србија (утре од 12 часот). зс/

Остани поврзан