• понеделник, 20 мај 2024

Македонските ракометарки денеска против Узбекистан за втора победа на Светското кадетско првенство

Македонските ракометарки денеска против Узбекистан за втора победа на Светското кадетско првенство
Скопје, 31 јули 2022 (МИА) – Узбекистан денеска е вториот противник на македонската кадетска репрезентација, која ќе се обиде да ја забележи втората победа по синоќешниот убедлив триумф од 32:13 над Сенегал на отворањето на Светското првенство за ракометарки до 18 години во Скопје. Натпреварот, кој е во рамки на групата Б ќе се одигра во СЦ, Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот, додека претходно Иран ќе игра против Сенегал. Настапот во групната фаза избраничките на селекторот Љупчо Савевски ќе го заокружат на 2 август со дуелот против Иран, кој вчера забележа убедлив триумф над Узбекистан со 47:31. ег/рп/

Остани поврзан