• вторник, 16 јули 2024

Македонските ракометари ја совладаа Полска на младинското ЕП

Македонските ракометари ја совладаа Полска на младинското ЕП

 

Лашко, 15 јули 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација со победа го отвори разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на младинското Европско првенство.

Македонските ракометари попладнево во Спортскиот центар „Три Лилије“ во словенечкиот град Лашко славеше победа против селекција на Полска со 28:26.

Следен противник на македонските млади ракометари е Романија.

Овој дуел на програмата е утре со почетокот во 12:00 часот. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан