• петок, 20 декември 2024

Македонските кошаркарки се комплетираа за дуелите со БиХ и Белгија

Македонските кошаркарки се комплетираа за дуелите со БиХ и Белгија

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) – Со приклучување на пет кошаркарки кои настапуваат во странски екипи, македонската женска кошаркарска репрезентација денеска во комплетен состав тренираше пред двата завршни натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство, против Босна и Херцеговина и Белгија.

На составот предводен од селекторот Александар Ашаданов се приклучи ударното трио предводено од капитенот на националниот тим, Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, како и Тијана Митрева и Милица Николиќ.

Македонските кошаркарки в четврток во Сараево и гостуваат на БиХ, а последниот натпревар од евроквалификациската група А ќе го одиграат в недела во Скопје против Белгија.

На табелата водат Белгија и Германија со три победи и еден пораз, пред БиХ (2-2) и Македонија (0-4). ег/цр

Остани поврзан