• недела, 22 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Ерменија и остана во Ц-дивизијата во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Ерменија и остана во Ц-дивизијата во Лигата на нации
Никозија, 18 ноември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Ерменија со 1:0 во последното коло од втората група Ц-дивизија во Лигата на Нации. Дуелот се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија, а го реши поранешниот вардарец, Ховханес Хамбарџумјан со голот во 55. минута. На другиот меч од 6.коло во оваа група Грузија и Естонија одиграа нерешено 0:0. Ерменците го освоија првото место во групата со 11 бода и изборија пласман во Б-дивизијата. Македонците се втори со 9 бода, Грузијците се трети со 7, Естонците последни со 3 бода. зс/

Остани поврзан