• понеделник, 23 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на двомеч со БиХ

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на двомеч со БиХ

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ќе одигра двомеч на гостински терен со соодветната селекцијата на Босна и Херцеговина.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски првиот тест со врсниците на БиХ ќе го одиграат денеска, а вториот контролен натпревар е закажен за в петок.

Двомеч меѓу двете држави ќе одиграат и репрезентациите У18. Овие средби се закажани за 18 и 20 февруари во Скопје.

Овој месец активности ќе има и македонската репрезентација до 19 години. Оваа селекција ќе игра два натпревара со Грузија на 25 и 28 февруари во Скопје. зс/

Остани поврзан