• сабота, 13 декември 2025

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026

Кардиф, 18 ноември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одработи последниот тренинг на Градскиот стадион во Кардиф каде вечер од 20:45 часот ќе му гостува на Велс во последниот  натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот „Благоја Милевски“ ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот.

Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската репрезентација може и до директен пласман на СП ако триумфира во Кардиф.

На Велс за освојување на второто место во групата, му треба победа над нашата репрезентација која нема пораз цел квалификациски циклус.

Главен судија ќе биде Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти арбитар е Марк Нагтегал.

Холандска двојка ќе биде и во ВАР собата, а таму се делегирани Пол ван Бокел и асистентот Рихард Мартенс. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан