• среда, 15 мај 2024

Македонската репрезентација ги доби Фарски Острови во баражот за ракометниот Мундијал 2025

Македонската репрезентација ги доби Фарски Острови во баражот за ракометниот Мундијал 2025

Келн, 27 јануари 2024 (МИА) – Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плејофот за Светското првенство во 2025 година. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови. Првиот натпревар ќе го играме на терен гостински терен.

Другите двојки се:

Финска/Литванија – Унгарија
Белгија/Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Романија – Чешка
Шпанија – Србија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија/Украина
Полска – Словачка/Изреал
Грузија – Австрија. 

Од Европа, директен пласман на Светското идната година обезбедија ко-домаќините Хрватска, Данска и Норвешка, како и Франција, Шведска и Германија три од четирите најдобри на Европското првенство кое е во тек. 

Плејоф-пресметките за пласман на Светското првенство 2025 се закажани за 8 и 12 мај оваа година. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан