• четврток, 26 декември 2024

Маж се самоуби пред Врховниот суд на Бразил

Маж се самоуби пред Врховниот суд на Бразил

Бразилија, 14 ноември 2024 (МИА) – Маж синоќа откако не успеа да влезе во зградата на Врховниот суд во Бразилија, активираше бомба и се самоуби.

Тој прво активирал бомба на паркингот пред Врховен суд, а веднаш потоа пред зградата активирал уште една бомба, каде е пронајдено неговото тело.

Локалните власти соопштија дека во автомобилот на мажот пронашле и други експлозивни направи. Според нив инцидентот најверојатно не е поврзан со Самитот на Г20 што на 18 и 19 ноември се одржува во Рио де Жанеиро. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан