• четврток, 02 јануари 2025

Маж од Пенсилванија обвинет за закани со смрт кон Џо Бајден и Хилари Клинтон

Маж од Пенсилванија обвинет за закани со смрт кон Џо Бајден и Хилари Клинтон

Вашингтон; 6 ноември 2024 (МИА) - Федерални обвинители поднесоа обвиненија против маж од Пенсилванија за онлајн закани за убиство на претседателот Џо Бајден и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, според денеска објавените обвиненија .

Обвинетиот, Грегори Мицел, наводно ги објавил заканите неколку часа по првиот обид за атентат врз Доналд Трамп. Во една објава на Фејсбук, истата вечер по обидот, Мицел наводно напишал: „Хилари, го пропушти. Следниот е за тебе и Џо“, јави Си-Ен-Ен.

Следниот ден, според судските документи, тој напишал: „Џо, ќе те снема, и Хилари исто. Ќе бидете на нишан. Благодарам.“ Во друга објава, наводно напишал: „Следниот чекор во овој процес мора да биде некој да стави куршум во главата на Џо Бајден.“

Обвинителите исто така тврдат дека Мицел се заканувал да го убие помошникот на американскиот обвинител кој ја водел истрагата за неговите закани против Бајден.

Мицел се соочува со неколку обвиненија, вклучувајќи закана за убиство на претседателот и закани кон федерален службеник.ссм/

Остани поврзан