Мадуро тврди дека двајца американски државјани се уапсени заедно со група платеници
- Мадуро, кој рече дека приведените американски државјани се „на многу високо ниво“, не даде дополнителни детали или докази за апсењата.
Каракас, 8 јануари 2024 (МИА) - Двајца американски државјани се уапсени во Венецуела, објави претседателот Николас Мадуро и според него, тие биле дел од група од седум „платеници“.
Мадуро, кој рече дека приведените американски државјани се „на многу високо ниво“, не даде дополнителни детали или докази за апсењата.
„Само денеска заробивме седум странски платеници, вклучително и двајца важни платеници од САД“, рече Мадуро, кој третиот мандат ќе го преземе в петок по спорните избори во јули минатата година, на кои опозицијата тврди дека победиле со голема разлика.
Мадуро рече и дека меѓу приведените има двајца Колумбијци и тројца Украинци.
Минатиот месец, венецуелската влада ослободи десетици затвореници, вклучително и 10 Американци, по неколкумесечни преговори меѓу Каракас и Вашингтон, а САД го ослободија блискиот сојузник на претседателот, колумбискиот бизнисмен Алекс Сааб. зш/